Сподели со пријателите

Наут

Наутот е зеленчук кој сѐ уште не го користиме редовно иако е богат со растителни влакна, протеини, витамини и минерали. Една шолја наут обезбедува речиси една третина од дневната потреба за протеини, затоа е одлична замена за месо. Неговите протеини се клучни за здравјето на мускулите, коските и кожата. Во 164 г наут има дури 12.5 г растителни влакна, поради тоа е број 1 намирница на болните од дијабетес која ги штити од воспаленија. Количините на железо и калциум го прават клучен во превенцијата од остеопороза. За регулирање на крвниот притисок консумирајте свеж наут, бидејќи само 1 шолја содржи 474 мг. Конзервираниот не е опција поради додадениот сол инатриум. Влакната, калиумот, Б витамините, железото, магнезиумот и селенот го прават одличен чувар на срцето, но благодарение на антиоксидантите, наутот, превенира и од рак. Една шолја наут содржи 69.7 мг холин кој ја потпомага мозочната функција и онаа на нервниот систем. Одличен е за подобрување на мозочните капацитети како способноста за учење, концентрација, меморија, но истовремено ги подобрува расположението и метаболизмот. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.