Тегавец

Тегавецот (лат. Plantago) е уште една популарна билка, со значајно место во народната и алтернативната медицина. Поради неговителековити својства,бил ценет уште одамна, а се сретнува насекаде:во дворови, ливади и шуми, иако расте во специфични услови, поради што бара големо количество дожд, освен во сушниот период. Во својот составсодржи голем број корисни материи,како танин, флавоноиди, калиум, цинк и сапонини. Особено е познат по неговотодиуретичко и антисептичко дејство, како и по позитивните ефекти кај заболувања на респираторниот систем.
 
Заедно со медот претставува одлична комбинација за лекување на бронхитис, а комбинацијата која вклучува и темјан и мајчина душица е најпрепорачлива за проблеми со дишните патишта.

Киселец

Достигнува височина од еден метар, со длабоко развиени корени во земјата. Лисјатаму се со издолжена форма, а стеблото е исправено, избраздено по целата должина и може да се јаде. Киселецот потекнува од Европа и најчесто расте по влажни ливади, пасишта и подрачја обраснати со трева. Се наоѓа и покрај потоци и шумски чистини. Се одгледува и во домашни градини. Во исхранатасе користат пролетнителисја.Најдобро е да се берат кога стеблото сè уште не е целосно развиено (март-мај), а може да се берат и во есен. Лисјата имаат пријатен кисел и освежувачки вкус.

Многу народи ги берат за јадење и поради тоа киселецот е едно од најпопуларните диви зеленчукови растенија. Се употребува во подготовка на супи и салати, а од семето може да се меле брашно. Во народната медицина се користи како лек против скорбут.
Хибискусот е една од најраспространетите  билки на земјата. Постои во повеќе бои и големини, а во Европа бил донесен во текот на 1731 година. Постојат околу 130-150 видовихинискус, меѓу кои Hibiscus syriacus, кој има ситен цвет и е најчесто користен како жива ограда, Hibiscus rosa-siensis кој е популарен како домашна билка, додека пак Hibiscus sabdariffa е видот од кој се прави познат чај од хибискус.

Многу повеќе од егзотична билка
За многумина тоа е само уште еден цвет во нивните градини.Градините во Азија се полни со цвеќиња од хибискус. Во Кина е познат како кинеска роза и представува синоним за богатство. Сепак чајот од хибискус е познат со векови како  пијалок и билка која се употребувала за лекување на многу болести
Така чајот од хибискус  бил познат и меѓу фараоните  и тој се пиел на сите големи прослави , каде што се послужувал за здравица.


 
Состав
Хибискусот содржи лимунска и хибискусна киселина.Од важните компоненти се вбројуваат и антиоксидансите антоцијани, флавоноиди, пектин и фитостерол. Освен тоа содржи и околу значајни количини на железо, ензими, етерични масла  како и аминокиселини важни за човековиот организам.

Лековити својства
Чајот од хибискус  е освежителен напиток со киселкаст вкус кој се должи на лимонската киселина во неговиот состав. Не содржи кофеин и теин, заради што е погоден како чај за релаксација и опуштње. 
Чајот од хибускус е вистинска ризница на витамин Ц и антиоксиданси па е одличн природен лек против настинка, кашлица, грип и треска.
Хибискусот има поволен ефект кога станува збор за следните симптоми : губење на апетит, запек, вознемирен стомак, задршка на течности, срцеви заболувања, намален имунитет, нервни нарушувања, несоница, површни рани.
Ги ублажува грчевите во стомакот и матката, и служи како благ диуретик. Тоа е особено важно за болните од срце и бубрези, затоа што во тие органи се задржува најмногу течности,
Помага при пореметена циркулација, нессоница, површински рани, го освежува здивот.
Поради големата количина на флавоноиди, помага при детоскикација и го заштитува црниот дроб од отрови, го забрзува метаболизмот и ја подобрува работата на штитната жлезда,
Добар е за третирање на покачен крвен притисок. Овој ефект е добро познат и поткрепен со многу научни истражувања.Шоља чај од хибискус три пати на ден може значително да помогне во стабилизирање на крвниот притисок секако без утврдени негативни ефекти. Сепак за да се постигне овој ефект потребно е чајот да се конзумира редовно во текот на неколлу недели
Едно од најпознатите својства на хибискусот е ефектот на разладување на организмот заради што е особено пошуларен напиток за летните жештини. Се користи и како спортски напиток за ублажување на шедта и за таа цел се користи разладен. 

Мерки на претпазливост
 
Конзумирање на хибискус не се препорачува за време на бременост, поради тоа што хибискусот ја поттикнува менструацијата и може да доведе до спонтан абортус . Исто така не се знае безбедноста од користење на хибискусот за време на доењето, па поради тоа не се препорачува да се конзумира за време на доење.
Хибискусот не треба да се употребува заедно за парацетамолот (ацетаминофенот), поради тоа што го намалува неговиот ефект.



Чај од хибискус :
Една чајна лажица од сув цвет од хибискус прелијте со  200 мл врела вода. Оставете да отстои 15 тина минитуии и процедете.По желба додадете мед и цеден лимон. Промешајте и уживајте.

Ладен чај
3 шољи чај од хибискус,  1 шоља сок од портокал и ¼ сок од лимета. Промешајте ги состојките, по желба нарендајте малку ѓумбир и послужете со коцки мраз.
 
 
 
 
 
 
 
 

РУКОЛА

 

Руколата (лат. Eruca sativa) е вкусен лиснат зеленчук кој лесно се одгледува, а воедно ја штити градината од разни штетници, 

 

Состав и лековитост на руколата

Руколата е нискокалорично  растение кое во 100 г содржи само 10 калории, а изобилува со витамините А, Ц, К, рибофлавин и фолна киселина, но и со калциум, магнезиум, бакар, железо, цинк и калиум. Една порција рукола носи 83% од дневната потреба на човекот за витамин К, но и 38% од препорачаната дневна доза витамин А. Магнезиумот и цинкот се исто така дел од богатиот нутритивен составКако и поголемиот дел на останатите зелени лиснати зеленчуци, руколата изобилува со антиоксиданти, го чисти црниот дроб и е идеална за пролетна детоксификација. Руколата е богата со хлорофил и соединенија на сулфур кои го помагаат чистењето на организмот на клеточно ниво. Погодна е и за келатна терапија, која се припишува за исфрлување на тешките метали од организмот. 

ПАПАЈА

Папаја е плод на дрво кое расте во тропските региони на Централна и Јужна Америка. Плодот е голем, а кога е зрел, е жолтеникав или темно црвен. Со вкус наликува на ананас и праска. Интересен е податокот дека постои машко и женско дрво.

 

Папајата е богата со биолошки активни соединенија од кои главна компонента е папаин. Концентрација на активни супстанци варира, во завист од делот на растението. Екстракт од сушени лисја од папаја има антиканцероген ефект, и тоа против широк спектар на тумори, вклучујајќи ги рак на грлото на матката, градите, црниот дроб, белите дробови и панкреасот. Плодот може да се јаде свеж и како суво овошје. Богат извор на витамини А и Ц и калциум, го подобрува варењето на храната и го чува имунолошкиот систем. 

Каранфилчето (Eugenia caryophylatta Thunb.) претставува исушена цветна пупка од тропско дрво, кое повеќе од 2000 години се употребува како зачин и како лек. 
Растението расте високо и до 20 метри, со крупни, издолжени листови и со бели цветови. Цветовите се собираат кога чашката е обоена црвено и се сушат на сонце покриени со листови од растението, при што ја добиваат таа карактеристична црвено-кафеава боја. Мирисот на каранфилчето е јак, специфичен и пријатен, додека вкусот е ароматичен и лут.
 
Во кулинарството
Поради својата карактеристична арома, каранфилчето наоѓа широка примена во кулинарството како зачин. Се употребува при подготовка на многу колачи, јадења и напивки. Најмногу се поврзува со вареното вино, кое речиси не може да се замисли без каранфилче.
 
Состав и дејство
Каранфилчето е богато со етерично масло (15-20%), со еугенол, флавоноиди, танини, фенолни киселини, масно масло и други компоненти. Поради ваквиот состав, на каранфилчето му се препишуваат следните особини: антивоспалително, аналгетско, антиоксидантски, антикоагулационо и локално аналгетско дејство.
Најчесто се употребува за олеснување на стомачните тегоби, за гасови, за дијареја и за повраќање. Го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб, а го подобрува и апетитот.
Многу честа и значајна е неговата употреба при воспаленија на усната празнина и гингивата, токму поради неговото аналгетско, антисептично и анестетичко дејство.
 
За дентално и орално здравје

Антибакетриското и антивирусното дејство се препишуваат на присуството на еугенолот, кој се употребува во стоматологијата и делува смирувачки на забоболката. Со масло од каранфилчето се масира вилицата и за 10-15 минути болката треба да престане. Исто така, на болното место може да се стави памук натопен во масло од каранфилче и така да се држи неколку секунди, а забоболката може да исчезне за многу кратко време.
Покрај ова, се употребува и како освежувач на здивот доколку се грицка или како средство за гаргара со неколку капки масло од каранфилче додадени во вода. Вака употребено, освен за освежување на здивот, спречува развој на бактерии во усната шуплина и е одлично за одржување на севкупна орална и дентална хигиена и здравје.
 
Природен афродизијак
Поради благородното дејство на циркулацијата, чајот од каранфилче се употребува како природен афродизијак. Во 2 дл вода се потопуваат 4 каранфилчиња, поклопени се оставаат да отстојат 15 минути, се процедува и се додава цимет. Се пие свежо подготвен.
 


За регулирање на шеќерот во крвта

Каранфилчето може да се употребува и за регулирање на шеќерот во крвта и за слабеење во комбинација со цимет: Цимет (2 стапчиња) и каранфилчето (30 г) се ставаат во 5 л вода и се оставаат така да отстојат 4-5 дена во фрижидер. Напивката се консумира наутро или навечер на празен стомак, а дозирањето е 100 мл. Откако ќе се испијат 3 дози од напивката, се прави пауза од 15 дена. 
 
Каранфилчето, исто така, го јакне и имунитетот, а има и широка примена во производството на парфеми, сапуни, пасти за заби. 
 
Маслото од каранфилче може да го подготвиме и сами
Во тегла се става ¼ цели каранфилчиња и се прелива  со 1 шолја маслиново масло, се остава да отстои 24 часа на собна температура и потоа се процедува. Маслото кое се добива, се чува затворено во тегла и во фрижидер.
 
Бидете внимателни:

Честата употреба на каранфилчето може да предизвика оштетувања и иритација на непцата. Еугенолот го забавува згрутчувањето на крвта, па поради тоа, доколку се употребува во комбинација со антикоагуланси, се зголемуваат шансите за појава на модринки и крвавења.
 
Иако кај нас е најпознат како зачин, каранфилчето има и изразени лековити својства. Покрај силното антимикробно дејство,каранфилчето поседува и антисептично дејство, со што помага при забоболка и при воспаленијана непцето. Се користи и за подобрување на работата на желудникот и за олеснување на дигестивнитепроблеми, како гасови, мачнина, повраќање и дијареја.

ПРОСО

Хранлива и лековита безглутенска житарка богата со скроб. Одличен извор на протеини, витамини А и Б (особено Б1 и Б2) и минерали како железо, магнезиум и фосфор. Просото го прочистува организмот и игра улога во одржување на неговата ацидо-базна рамнотежа, ја регулира дигестијата, го јакне имунитетот и ги зајакнува косата и ноктите. Минералниот состав на просото позитивно делува на работата на нервниот систем, па затоа се препорачува кај лица со физичка и психичка исцрпеност, кај трудници и доилки, а, исто така, е значително погоден и за луѓе кои боледуваат од артритис.

Плодот на маракујата е кругол или овален. Зрелиот плод има жолта или темновиолетова боја и има мека, односно малку тврда внатрешност со бројни семки. Плодот може да се јаде или од него да се исцеди сок. Сокот често се додава на друго овошје за засилување на аромата.

Плодовите содржат лимонова и јаболкова киселина, амилопектин, флавоноиди, корисни масла и витамин Ц. Исто така, содржат и витамин Б6, како и железо, калиум и влакна. Од семките на маракујата се добива масло кое содржи линолна киселина, олеинска киселина и палмитинска киселина. Наоѓа различни примени во производството на козметиката и во исхраната. Јужноамериканските Индијанци добро ја познавале маракујата како лековита билка, па често се употребувала во бразилската народна медицина.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.