Сподели со пријателите

Мои навики – мое здравје

Брза храна = брза депресија
Одамна знаеме дека храната влијае на расположението, но новите истражувања со потекло од Австралија, сугерираат дека блискоста до рестораните за брза храна влијае на менталното здравје. Во еден експеримент, истражувачите откриле дека луѓето 
 
кои имаат лесен пристап до брза храна, поверојатно е да страдаат од депресија за разлика од луѓето од соседниот остров кои консумираат исклучиво морски плодови и риба. 
 
Ноќта е за одмор!
Дали знаевте дека човечкото тело е почувствително на стрес навечер? Главната причина е намалената продукција на кортизол, стрес хормон кој ни помага да излеземе на крај со стресната ситуација. Лошиот мејл нека почека до утре!

Срамот не се дави во алкохол 
Не е некоја нова вест дека срамежливите луѓе пијат по некој чаша алкохол за да се пресрамат во дадени ситуации, на пример, кога се додворуваат. Но, истражувачите лоцираа проблем  наредниот ден, бидејќи кај овие луѓе бил забележан пораст во анксиозноста.

Свежа брокола против рак на мочен меур
Идеален природен лек за луѓето коишто боледуваат од рак на мочен меур е свежата брокола, од причина што ја намалува стапката на смртност дури за 43%. Ова се вели во студијата што траела цели 8 години, а во неа биле вклучени повеќе од 230 пациенти. Научниците подеднакво го испитувале ефектот на свежата и сварената брокола врз ракот на мочниот меур, при што било потврдено дека суровата има далеку поголем ефект врз болеста. Броколата содржи висок процент на изотиоцијанат, соединенија кои имаат силно антипролиферативно дејство врз клетките на ракот. Тие се уништуваат при варењето.

547 дена– потребно време за една мајка повторно да се чувствува секси
Испуканитебрадавици и мирниот сон се далечно минато откако добивте бебе? Не треба многу за „свежите“мајки да се уверат дека животот никогаш повторно нема да биде ист. Но, научниците го тврдат спротивното. Тие пресметаа дека се потребни 18 месеци (547 дена) за една мајка повторно да се почувствува како жена. 
Во истражувањето биле вклучени 3 илјади жени од Британија, од кои две третини се изјасниле дека се чувствуваат дебело и неатрактивно по породувањето. 
6 од 10 жени тврдат дека доживеале крах на нивната самодоверба откако виделе дека не ги собира во старите алишта, додека 39% се чувствуваат неатрактивно во сѐ што ќе облечат. 
Една четвртина од испитаниците признале дека секојдневно се натпреваруваат со останатите мајки со тоа којапобрзо ќе успее да намали тежина по породувањето.
Но, недостигот на шминка и парфем не значи дека нема да бидете среќни. Мајчинството ги менува приоритетите во животот, токму затоа 9 од 10 жени изјавиле дека повеќе работата не делувала толку важна како порано, додека 79% воопшто не сакале да се вратат на работа.
 
 
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.