Сподели со пријателите

ИНТЕРВЈУ - Тања Кочовска

„ВО ВАКВО ВРЕМЕ НА ИСКУШЕНИЕ, СЀ ШТО ВИ ТРЕБА Е БИСТАР УМ КОЈ ЌЕ СЕ НАСОЧИ НА СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ“

Во вакво време­не­ време, со кој би по­ разговарaле ако не со Тања Кочовска ­ актер­ката во која луѓето се за­ љубуваат штом стапнат во театар како деца, а таа љубов ја носат низ години­ те воодушевувајќи се на талентот на својот идол. Постарите генерации пак ја воздигнуваат не само поради умешноста да ги засмее, туку поради скро­ мниот пристап кон живо­тот што одбра да го следи ќерката на познатите Панче и Невена Кочовски од групата „Мањифико“.

Како е деновиве да се живее без публика и во бесознание кога ќе се случи следната средба? Знае да зафати меланхолија, но и после долго иг­рање на самиот организам му треба одмор. Неопходно е да се акумулира дру­га енергија, нова идеја. Велат, кесата со продукти треба да се испразни, па одново да се наполни и постојано да се смислува што да се зготви, можеби примерот е едноставен, но многу точен. Јас работам од дома... поточно работам дома (се смее) така што денот ми минува брзо. Од друга страна, моите родители и мајката на Предраг, мојот сопруг, се постари па и за нив имаме обврска да се грижиме.
 
Како да сте предодре­ дени да ги засмејувате луѓето, па забораваме дека и вие имате падо­ви. Како ви успева? Засмејувањето на другите спаѓа во моја професија и тоа се учи на факултет и на сцена преку искуство, а јас веќе 30 години сум присутна таму. Обично бабите велат: Моето вну­че како глуми, па тоа е го­тово за кај вас во театар. Јас на тоа велам: Во ред јас ќе го земам кај мене во театар, ама мене нека ме земат на хирургија, бидеј­ ќи сум одличен хирург...во претстава. Многу луѓе не ја разбираат оваа про­фесија. Да, јас сакам да ги засмејувам луѓето, но во суштина ние што успеваме да засмејуваме, од друга­ та страна ситуацијата ни е малку тажна. Знаете, од комедија до трагедија има само еден чекор. Не ве­ лам дека кај мене ситу­ ацијата е трагична, но знам да бидам тажна и чувствителна, а тоа луѓе­ то тешко го препознаваат. Многумина мислат дека јас и вон работното време треба да сум ведра и на­ смеана. И еден Чарли Чаплин кој го засмејувал цел свет, во суштина бил многу тажен. Сакам да кажам дека оној што од­ брал да го засмејува све­тот, сака од тоа да од­ мори, едноставно да ја врати устата на место.

Што би ги советувале читателите во оваа не­ секојдневна ситуација? Мора да се истрае, да се биде дисциплиниран и да се почитуваат правилата и препораките, да се раз­мислува трезвено. Ајде да се запрашаме како им е на луѓето со инвалидитет кои животот го минуваат дома? Јас се тешам со единствениот бенефит од целава ситуација, а тоа е што детето ми е дома. Мо­јата ќерка Нела студира на ФДУ  и по цел ден е на часови и практично не ја гледав. Среќна сум што сега можам да си ја прегр нам, да си ја бакнувам, да си разговараме. Нејзе и е многу потешко, како и на сите млади кои се навикнати да се повеќе надвор отколку дома, но трезвено разговараме дека мораме да поминеме низ сето ова. Има моменти на смеење, моменти на солзи, на некоја летаргија, но с# се издржува во име­то на здравјето.

 „ГИ ВОСПИТУВАМ СВОИТЕ ДЕЦА НА СКОРМНОСТ, БИДЕЈЌИ ГИ ГЛЕДАМ МЛАДИТЕ АКТЕРИ КОИ ДОАЃААТ ВО ТЕАТАР УВЕРЕНИ ДЕКА ЅВЕЗДИТЕ ВЕЌЕ ИМ СЕ ДАДЕНИ,  А ТОА Е МНОГУ ПОГРЕШНО.“

 Во театар публиката дава аплауз и штом се појавите вие, тој стану­ ва громогласен. Дали сте свесни за својата доминација?
 Ќе излажам ако речам де­ка не сум забележала де­ка аплаузот станува по­ гласен и се надевам дека тоа ќе остане така. Многу години се трудев да го постигнам тоа, едноставно  работев на тоа да и биде пријатно на публиката кога ме гледа на сцена, да го почувствува тоа што го играм на сцена и да биде дел од тоа до крај на прет­ставата. Тоа ми беше и идејата и желбата и цел­та, јас не сум семоќна ак­ерка, но она што го мо­жам, верувам дека го ра­ботам коректно и поради тоа публиката ме награду­ва. До ден денес учам од постарите колеги кои што ми го даваат тој бесплатен занает, но без никаков проблем учам и од помла­дите кои се навистина та­лентирани и добри актери. Оној што е паметен, ќе знае како да го искористи талентот од колегите во своја полза.
 
Дали и во приватниот живот сте одговорни за насмевката на луѓето околу вас?
Да, знам да измам на­ смевки и на луѓето околу мене. Не можам да речам дека секогаш го правам тоа од почеток до крај на денот или на вечерта, се­ пак тоа би му дошло како прекувремена работа. До мене секогаш има други хумористични, интересни луѓе и колеги коишто исто знаат да забавуваат па се надополнуваме. Не сум од оние што сакаат постојано да бидат во центарот на вниманието, доволно е блиц, споредна улога е најдобро.
 
Имате талент за глума, но родени сте за мју­зикл! Зошто досега не сме ве виделе во филм?
Сакам да работам на мју­ зикли, плус знам да пеам, но за тоа треба многу ра­бота, многу кондиција. Одиграв во два мјузикли и мислам дека добро го пра­ вам тоа сега за сега, доде­ка ме држат нозе. Што се однесува до филмот, за мене тој е потуѓ поради начинот на работа. Во „Пред дождот“ со Билјана Танески глумевме сестри босанки. Во тоа време, многу се дружев со Ленка Удовички, тоа е сопругата на Раде Шербеџија. Паме­ там дека плачејќи отидов кај Раде да поразговара­ ме за тоа како се игра пред камера, затоа што бев исплашена. Па така со Раде поработевме пред снимање, но тој дел од филмот отпадна. После години соработував со Владимир. Блажевски, на „Година на мајмунот“ сле­ дуваа и неколку кратки улоги како во „Преспав“ меѓутоа не се чувствувам сигурна, даските ми се по­ сигурни. Театарот ми е она вистинското, таа голгота, солзи, пот, нерви, снага, и кога премиерата ќе поми­не како што треба, веднаш се се заборава. Сепак, не ја исклучувам можноста да работам со добри режисери од кои знам дека ќе научам многу.

 

„ИАКО МОЖЕВ ДА ГИ ИМАМ НАЈСКАПИТЕ ИГРАЧКИ И ВО ТОА ВРЕМЕ ПАТУВАВ СО АВИОН ЗА ДА ГИ ПОСЕТАМ РОДИТЕЛИТЕ ДОДЕКА СЕ НА ТУРНЕЈА, ОДБРАВ ДА ЖИВЕАМ КАКО ШТО ЖИВЕАТ ДРУГИТЕ.“


Вашата убавина е неспорна, но дали се уште се разубавувате со кармин и маскара или се модер­ низиравте?
Секојдневно се шминкав и така ја научив и ќерка ми да се дотерува за надвор. Но, дали годините веќе си поминаа и ми натежна шминката на лице, па кога сум дома и дури и кога се сликам, јас сум најприродна. Се уште немам полни усни, немам си­ ликони ниту хијалурони, немам ниш­то. Понатаму, кога ќе дојде време сигурно би направила се што треба да се направи. Најискрено сакам да се одморам од се. Сакам да ми биде оставена привилегијата да си ужи­вам недотерана, ненашминкана по дома.
 
Што може да се најде во вашата домашна аптека од природни препарати и суплементи?
Од суплементи исклучиво само ви­тамин Ц, селен и витамин Д. Инаку, секое утро јас правам вистински бомби смутија или сокови со многу ѓумбир и мед. Иако сум пушач веќе 40 години, никогаш не сум го почну­вала денот со кафе. Кафето мене не ме буди, не ме прави среќна, ка­ко што ме прави природно цеден сок или овошје. Е после тоа може кафе и тоа најчесто е ритуал што го споделувам со ќерка ми. Кој е одговорен за здравата исхрана на вашите деца и вте­мелување на спортски навики? Кога ги воспитувавме децата, со со­ пругот се надевавме дека никогаш нема да пропушат, но за жал и двај­ цата се пушачи. Порано, тоа го ком­пензираа преку спорт, но со работ­ните обврски сето тоа падна во вода. Александар работи како меѓу­ народен туристички водич и доста пешачи со туристите, па на тој на­ чин надоместува. Нела пак по цел ден е на факултет, а таму има дос­та динамика и движење. Јас цел живот сум се занимавала со спорт, во средно училиште пливав, скијав и играв ракомет имам дури и меда­ли. Сега возам ролери, земав и ве­лосипед, но тешко ми оди па ќе морам да смислам нешто друго. Иако во овие моменти знам да свр­там некој круг и веднаш да се при­ берам дома. Готвам здраво дури заборавам и месо да ставам па ќе ме потсетат. Не сакам готови храни, моите деца се научени на свежо приготвена храна освен кога се цел ден зафатени со обврски па мора да купат, но и тогаш изборот им се зготвените оброци, а не сендвичи.

Го ставате ли некогаш теле­фонот на нечујно?
Колку и да сакам да го исклучам телефонот е невозможно, бидејќи имам деца и морам да бидам секо­гаш тука за нив. А што се однесува до театарот, да на сите ни требаше одмор, но до волку не. Плус, не­ извесноста убива, можеби ова ми е последно интервју (се смее), кој знае. Потоа тука се прашањата што ќе се случува кога се ќе заврши, дали ќе се врати публиката во теат­ар, за колку време, дали ќе се вра­ти во ист број. Сите овие прашања луѓето си ги поставуваат секојд­ невно, затоа е важно умот да е бис­тар и да водиме сметка на правила­та, а потоа ќе мислиме на другото.



КОГА ДЕЦАТА ПРАШУВААТ (возраст од 4 до 5 години)

Јована: Која е вашата омилена принцеза?
Не сум се врзувала за принцези, туку за самата приказна. Иако имам 53 години, до ден денес ги гледам анимираните дизниеви филмови како Пепелашка, Аладин и поновите.
Димитар: Во кој суперхерој ќе се маскирате?
Во ниту еден, никогаш не сум ги сакала. Јас сакам да се маскирам во нешто интересно и смешно, како кога бев бебе од 220 кг или кога бев црнки­ња.Не сакам униформи!
Лина: Дали е погрешно што сакам машка облека и фудбал?
Не е погрешно! Сум играла фудбал; кога бев слаба носев мини, откако се здебелив сум во панталони и се чувствувам подеднакво женствено.
Калин: Ги карате ли вашите деца ако седат многу на телефон?
Да, ако имаат работа е дозволено, но после тоа ги бркам надвор. Фор­ сирам прошетки, пливање, возење ролери, почесто користење вело­ сипед.
Бобо: Со што сакавте да си играте кога бевте мала?
Јас пораснав играјќи си надвор, пред зграда.
 
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.