Сподели со пријателите

Микромедитација - Релаксирајте се ВО ОД со обврските

Медитација или чистач на умот – докажано го намалува крвниот притисок, ја лекува депресијата, а има и моќ да ги ублажи симптомите на СИЦ или синдромот на иритабилно црево. Ниту Ковид-19 повеќе не е изговор, бидејќи има начин како да се фокусирате на сегашноста, на мирисите, на емоциите и глетките, без да посетувате групни часови. Бонус: и без да се изолирате сами во соба!

КОГА СЕ БУДИТЕ
Сменете го одбивниот звук на алармот со бел звук како шумолење на ветер. Останете во кревет 2 минути и впијте ги звуците околу вас (птиците однадвор, крцкањето на подовите), чувството на постелата врз кожата и мирисот на домот.

ДОДЕКА ПИЕТЕ КАФЕ
Почувствувајте ја топлината на шолјата во дланките и вдишете го остриот мирис. Следете го патот на голтката од усните, во устата, грлото, стомакот. Според една студија, оние што фокусирано пијат кафе, почнуваат да го пијат без шеќер.

ПОД ТУШ
Бањата е идеално место за практикување микромедитација. Фокусирајте се на температурата на водата, звукот на водата, начинот на кој таа лизга по телото и, секако, мирисот на гелот за туширање. 

ДОДЕКА ПЕШАЧИТЕ
Одејќи да пазарувате, повремено погледнувајте горе во небото. Гледањето нагоре ќе ве стави во зен-момент и ќе ви отвори нови перспективи, како идеја за поинаков ручек.

ДОДЕКА СЕ ЧЕШЛАТЕ
Размислувајте за секој потег додека четката поминува низ косата или додека ставате кармин. На овој начин, ќе го загреете мозокот пред да го нападнат многуте информации, задачи и рокови.

ДОДЕКА ГОТВИТЕ
Тука има многу опции за фокус, тропкањето на садовите, ритамот по кој сечкате, мирисот на намирниците. Ако креативно го сервирате оброкот, потврдено е дека ќе се чувствувате посреќни следниот ден.

ПО СКАЛИ
Скалите се одлична физичка, но и ментална вежба. Бројте ги чекорите додека се качувате и фокусирајте се на тоа како стапалото застанува на секоја скала. Забележете ја координацијата на мускулите кои работат заедно. 

ВО АВТОМОБИЛ
Од оние зад волан се бара максимален фокус и свесност за моментот. Што велите за уште подлабоко навлегување во сегашноста? Исклучете ја музиката, дишете длабоко и слушајте ги ритмичните звуци што ги емитува моторот и вибрацијата што се чувствува преку воланот.

КОГА СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАТЕ
Не зборувајте напразно, вклучете ги емоциите, гледајте го соговорникот во очи и објаснете за што сте благодарни и зошто.

ДОДЕКА ЧЕКАТЕ
Вдишувајте додека да изброите до 4, задржете го здивот и бројте до 4, издишете до 4, повторно задржете го здивот до 4 и почнете одново.

ПРИ ПРВИОТ ЗАЛАК
Фокусирајте се на целото искуство, плунката што се излачи во уста штом го видовте и помирисавте јадењето, температурата на храната во однос на виљушката, експлозијата од вкусови и текстурата на залакот.

ПРЕД СПИЕЊЕ
Ментално скенирајте го телото од стапалата до скалпот, ако некоја мисла се протне, почнете одново. На овој начин, ќе го прочистите умот и полесно ќе заспиете

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.