Сподели со пријателите

Анксиозни? Депресивни? Хиперактивни? Дефокусирани?

ADHD (Attention Deficit Hyperactivity Disorder) е состојба која е својствена за момчињата и за возрасните жени. 


Сте се почувствувале ли некогаш вака? А сте ги почувствувале ли сите овие сензации одеднаш? Ако да, сигурно сте помислиле дека сте на работ на нервен слом??? Продолжете да читате за што всушност се работи.
 
Кога ние возрасните, ќе го најдеме далечинското во фиоката од ладилникот, ваквата расеаност ќе ја препишеме на недостигот на сон и на преголемиот број обврски. Но, ваквите инциденти за многумина претставуваат начин на живот кој до пред некоја година психијатарите го дијагностицираа како анксиозност, биполарно растројство, депресија, а всушност станува збор за Синдром на невнимание и хиперактивност (ADHD). Илјадници возрасни се соочуваат со синдромот кој обично им се препишува на децата и на адолесцентите и тоа е главната причина заради која проблемот се продлабочува. 
Во последнава декада, менталното здравје постојано ни е во фокус. Луѓето нагло ја подобрија свесноста за себеси –„60 до 70 проценти можат да ги препознаат клучните симптоми на депресијата, а речиси половина од нив знаат да препознаат анксиозност штом ја почувствуваат“, се вели во последните истражувања. Но, кога ќе се спомене ADHD(или доволно е само хиперактивност), повеќето од нас замислуваат дечиња кои трчаат како муви без глава мавајќи си ја главата од ѕид. Ваквиот стереотип е толку тешко да се избегне, што најчесто води до погрешна дијагноза. Најмногу изложени на ризик? Жените! Некои институти за ментално здравје во светот веќе работат на тоа да ги унапредат насоките кон пациентите и, пред сѐ,докторите да размислат одново пред да ги дијагностицираат вообичаените ментални состојби.

ПОГРЕШЕН МАРКЕТИНГ
„Синдромот на невнимание и хиперактивност го карактеризираат три основни однесувања: хиперактивност, импулсивност и невнимание, со тоа што страдалниците искусуваат или предоминантни симптоми на невнимание или комбинација од трите“, објаснува д-р Роб Баскинд, консултант психијатар и експерт за ADHDкај возрасни. „Станува збор за невронска состојба или нарушување на системот одговорен за контрола на концентрацијата и транспорт на одредени невротрансмитери.“ Вообичаена е за момчињата и, секако, многу од децата ја надраснуваат, но се верува дека 65 % од децата со ADHDсѐуште се соочуваат барем со некои од симптомите додека наполнат 25 години, а некои остануваат заглавени со нив со декади.
ADHDкако состојба меѓу возрасните беше препознаена во 2008-ма и оттогаш на луѓето чии симптоми значително влијаат врз најмалку еден домен од нивното секојдневие, им се препорачува да појдат кај специјалист со цел да добијат соодветен третман –рецепт за метилфенидат (риталин) или курс по когнитивна бихејвиорална терапија. И сето ова звучи многу едноставно, но од старт имаме проблем со свесноста меѓу луѓето, па дури и докторите.
Возможно е да ги имате симптомите и пак да не успеете да ги поврзете со болеста, а со оглед на преклопувањето на симптомите својствени за други состојби, очигледно е дека и докторите ја губат загатката. И додека децата изведуваат тантруми, возрасните ги потиснуваат емоциите од причина што трескањето од земја станува општествено неприфатливо. Во превод, тие не манифестираат никакви симптоми, а тоа ја усложнува дијагнозата. 
Ревизијата на болеста од 2014-та меѓу девојчињата и жените го потврди следното: Поради начинот на кој жените ги манифестираат симптомите, тие најчесто спаѓаат во категоријата на невнимателни отколку хиперактивни;тие отпаѓаат од групата пациенти кои се соочуваат со трите основни симптоми истовремено;честопати не им бил дијагностициран ниту еден симптом. Затоа, нагласете колку често ви се случува да ја оставите рерната вклучена, да ги изгубите клучевите од дома, да ги заборавите документите на шалтер.
 
ПОГОДЕНА ДИЈАГНОЗА
Студијата од Норвешка епрва која го испитуваше опсегот на останатите ментални состојби меѓу жените со ADHD. Потпирајќи се на податоците собрани од 40.000 Норвежани со ADHDи 1.6 милиони без, истражувачите открија дека кај жените кои страдаат од синдромот, анксиозноста, депресијата, биполарните нарушувања и растројствата на личноста, се поопсежни. Но, дали животот без дијагностициран ADHDможе да предизвика развој на други ментални состојби? „Ако сте едни од ретките луѓе кај кои синдромот е присутен и во возрасното доба, тогаш голема е веројатноста да се соочувате со жестока состојба и нагласени симптоми, за разлика од другите чии симптоми стивнуваат после адолесценцијата“, вели д-р Ашок Рој, водечки психијатар по интелектуален хендикеп во Ројал колеџот за психијатари. „Колку подолго живеете без дијагноза, толку е поголема веројатноста да развиете секундарни состојби како директни резултати. И токму тука ќе паднете во магична замка, ако ги третирате секундарните состојби без да препознаете дека ги поттикнува синдромот, тогаш несомнено имате борба без крај.“
Поткревањето на свеста на сите фронтови (пациенти и лекари) може да направи најголема разлика. „Синдромот има неверојатна дарежлива особина, бидејќи штом го утврдите и почнете да работите на него, несомнено ќе почувствувате разлика. Не подразбира комплексен психолошки третман, одговорот на третманот обично е брз, а кај некои луѓе лекарствата прават разлика за неколку дена“, објаснува д-р Рој. 
 
ДЕФИНИРАЈТЕ СЛУЧАЈ
Како да направите разлика помеѓу чудниот расеан момент и менталната состојба со која можеби живеете цел живот? За почеток заборавете на стереотипите. Синдромот обично стартува со невнимание –ви паѓа концентрацијата сред читање, постојано скокате од една на друга задача, редовно губите предмети. На врвот на овие особини можно е и хиперактивно или импулсивно однесување – менување планови во последна минута, владеење со вниманието во просторијата и непрекинато и брзо зборување. Ако мислите дека си имате работа со синдромот, појдете кај матичниот доктор и посочете му го да ве упати кај специјалист. Дојдете подготвени и наведете ги сите симптоми, бидејќи ретко кој ќе ве ислуша повеќе од 3 минути. Пожелно е да нагласите КАКО симптомите влијаат на вашиот живот. Ако го имате синдромот, симптомите ќе ги чувствувате многу често, најверојатно секојдневно и истите ќе влијаат на неколку аспекти од вашиот живот. Опасен возач, неможност да задржите работно место, тешкотии во формирањето пријателства, се примери за значително влијание на симптомите. Со оглед на развојната природа на синдромот, размислете дали истите симптоми ги имавте и како дете. Ако ви биде дијагностициран ADHD, третманот подразбира лекарства, терапија или комбинација од двете. Најдоброто од сѐе тоа што не постои опција за неуспех. 
 

Синдромот на невнимание и хиперактивност го карактеризираат три основни однесувања: хиперактивност, импулсивност и невнимание.
 
Додека децата изведуваат тантруми, возрасните ги потиснуваат емоциите од причина што трескањето од земја станува општествено неприфатливо и затоа проблемот останува маскиран. 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.