Сподели со пријателите

Малите порции не значат минус килограми - Ризици од брзите диети

Во сезона на руска салата и кифлички, не е чудно ако добиете некој килограм плус. Па, тоа е смислата на празниците, зарем не? Она на кое сакаме да ве научиме е пристапот со кој ќе се обидете да ја поправите штетата. Изгладнувањето или детоксикацијата со чај (модерен начин на изгладнување) не е решение! Во време кога на пазарот постојат толку многу здрави и нискокалорични намирници, секое нивно игнорирање би му дошло како свесно загрозување на здравјето. 
 
Како реагира телото при изгладнување?
Телото умее да ја препознае здравата тежина до која треба да стигне и до која смее да оди. Ако нагло ги намалите калориите, прв што ќе се „побуни“ е стомакот – и другите ќе можат да го чујат неговото кркорење. Втори ќе се „побунат“ хормоните – како биолошки курири на пораките во организмот, овој пат, нивното мислење ќе биде јасно и гласно изразено. „Во случај значајно да го намалите внесувањето храна, ендокриниот систем ќе сигнализира со цел да ја задржи загрозената телесна тежина“, објаснува Прија Тев, диететичар од Хампшир, Англија. Имено, ќе се намали нивото на хормоните кои го редуцираат апетитот (лептин), а ќе се покачи нивото на хормоните кои го поттикнуваат апетитот (грелин). „На телото ќе му стане приоритет да се заштити од гладување на тој начин што ќе се потруди да создаде масни резерви“, вели Тев. Во услови на гладување, телото прави сѐ што е во негова моќ да ја зачува енергијата, тоа ќе согорува помалку калории дури и при изведување на секојдневните активности како стоење, одење или дигестија. 
Заклучок:Секој обид за изгладнување ќе ве чини повеќе масни резерви, неподнослив глад и побавен метаболизам – кој може да трае со месеци, па дури и со години. 
 
Изгладнувањето ќе ве направи несреќни
Оној што некогаш се осудил себеси на салата додека сите уживаат во богата празнична трпеза, најдобро може да ги опише депресивните чувства со кои се соочил. Не се само физичките флуктуации со кои се соочуваат оние кои се изгладнуваат. Епохалната студија спроведена пред 70 години, сѐ уште нуди концизни и важни откритија за менталните, физичките и социјалните последици од рестриктивното јадење. Да се потсетиме: истражувачите ги анализирале нормалните навики на исхрана кај 32 мажи, на возраст помеѓу 21 и 33 години, во период од 3 месеци. Потоа, свесно, биле изгладнувани цели 6 месеци, а отпосле, подлегнале на 3-месечна рехабилитација. Физичките резултати во шестмесечниот период, несомнено, биле драматични – испитаниците изгубиле речиси 25% од нивната телесна тежина и 30% од нивната мускулна сила.  Но, она што најмногу ги загрижило истражувачите, биле емотивните промени со кои се соочиле. Сите мажи, вклучени во студијата, подлегнале на депресија, променливо расположение, стрес, нервоза. Особено им бил намален капацитетот за мисловен мултитаскинг, бидејќи биле преокупирани размислувајќи на храна. Мажите повеќе не се смееле, ретко зборувале, а ја изгубиле и смислата за хумор. И по помирувањето со храната, дел од нив сѐ уште се бореле со негативните психолошки нуспојави. 
Заклучок:Среќата доаѓа од стомакот!
 
Поголемата слика
Живеењето со минимум храна е опасно по здравјето, но што е со аргументот дека намалувањето на калориите може да донесе здравје? Што вели на ова истражувачкиот тим од универзитетот „Оксфорд“? Откако учесниците во студијата консумирале исклучиво само шејкови, супи, нутритивни барови, во период од 8 недели, тие изгубиле 10% од нивната телесна тежина. Ваквиот рестриктивен пристап, на луѓето со лоши навики, им дал поттик да присвојат нови, појаснува водичот на студијата, д-р Сузан Џеб. Клучниот факт што не го знаете: во оксфордската студија биле вклучени испитаници кои се борат со вишок килограми. „Ги советувам луѓето да се потпрат на рестриктивни мерки, само ако имаат плус 30 килограми“, вели Џеб.Освен кога имате сериозен проблем со телесната тежина и се борите да присвоите здрави навики (да се храните здраво, да вежбате редовно, да се грижите за себе) во секој друг случај, брзите диети не се за вас! Од друга страна, тенка е границата изгладнувањето, што требаше да донесе брзи резултати, да премине во растројство. Д-р Џоана Силвер,од лондонската болница „Натингејл“, советува да се преиспитате како режимот по кој се храните, прави да се чувствувате и да се однесувате. „Одбивањето на покана за вечера поради тоа што сакате време за себе е во ред, но ако одбивате средба само за да не се опкружите со храна, тое е веќе загрижувачки“, вели Силвер. Подобар метод е да се фокусирате на цели кои може да се постигнат и балансирани навики на исхрана. Да, ќе ви треба двојно повеќе време за да дојдете до посакуваната цел, но промените ќе бидат трајни. 
 
Заклучок:Ако го мамите системот, телото, умот и резултатите ќе страдаат. Играјте по правилата и промените ќе траат со години. 


Вежбајте со мерка
Телото подеднакво се противи на прекумерното вежбање, исто како и на прекумерното гладување. При интензивно потење повеќе од еден час, телото лачи кортизол. Ако нивото на кортизол остане високо, телото ќе произведе вишок глукоза. Проблемот е во тоа што сиот тој излачен кортизол ќе го потисне инсулинот, хормонот кој е одговорен за глукозата во крвта да се конвентира во енергија. Превод: Клетките ќе останат гладни и упорно ќе праќаат сигнали за помош до мозокот – во практика: вие ќе јадете сѐ пред себе! 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.