Сподели со пријателите

Интересни прашања Научни одговори

И покрај тоа што сум во фит форма, едвај се искачувам по скали – зошто? 
Овој феномен е вообичаен за многумина. При качувањето по скали,се активираат сосем други мускули во однос на оние коишто ги активирате додека трчате на кеј или вежбате во сала. „Качувањето по скали подразбира товар за срцето и белите дробови на начин на кој не сте навикнати“, објаснува д-р Мајкл Фолкс,кардиолог во клиниката „Кливленд“, САД. Тетивите и мускулите на задникот работат турбо за да ги изведуваат повторувањата и за да го балансираат телото. За да не влегувате во канцеларија со јазикот спружен до земја борејќи се за воздух, вклучете спринт (на интервали) и искачување по планина во вообичаената рутина за вежбање. 
 
Дали е штетно да ја искористам четката за заби на партнерот, само еднаш?
ДА! Подобро е да го прескокнете миењето, отколку да искористите туѓа четка за заби. Преку споделување на четката, партнерите истовремено разменуваат плунка, крв (во случај да дошло до крвавење на непцата при четкањето) и низа бактерии што живеат во устата, а се разликуваат од човек до човек. Ова значи дека и двајцата партнери се изложуваат на ризик од низа бактериски болести и болести коишто се пренесуваат преку крвотокот. Посигурна варијанта е да ги исчистите забите со крпа за бришење, отколку да ја попарите туѓата четка со врела вода. 
 
Дали бананата е добра ужина за пред тренинг?
И повеќе од добра, бананата е идеална! Не само што ќе ви даде инстант енергија, таа истовремено ќе го заштити срцето. Научниците од „УниверзитетотнаАлабама“,ниското ниво на калиум (висок процент од минералот е присутен во бананите) го поврзуваат со артериосклероза или задебелување, стврднување и губење на еластичноста на ѕидовите на артериите предизвикано од наслаги од калциум (и други отпадни материи). Несомнено, ваквата состојба го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Затоа, понесете си банана во торбата за вежбање и дојдете до наплив на калиум пред да се испотите. 
 
Вистина ли е дека пцуењето е добро за здравјето?
Да, но сепак важи за крајно некултурно однесување што не смеете да си го дозволите во јавност. Сепак, многубројни студии покажале дека пцуењето, во ситуации коишто го наложуваат тоа, подразбира низа здравствени придобивки – зголемена толеранција на болка, помал стрес, подлабоко поврзување со луѓето. Зошто? При експлозијата на вулгарни зборови, се лачи адреналин што истовремено ќе ве отрпне и ќе делува стимулирачки. Ваквото влијание е толку силно, што професионалците коишто работат под притисок, а на кои им е строго забрането да пцујат (пилоти, хирурзи) покажуваат послаб перформанс. 

ЗА или ПРОТИВ: музика во канцеларија? 
Еве кога треба да стиснете „ON“,а кога „OFF“: истражувачите од Универзитетот „Радбауд“во Холандија, го проучувале ефектот на музиката врз способностите на кадарот да изнаоѓа решенија и врз способноста да генерира нови идеи. По сѐ изгледа, „среќната“ музика им помогнала на вработените да смислат низа креативни концепти, така што, кај нив поттикнала лачење на допамин. Да појасниме, под „среќна“ музика, истражувачите подразбираат класична музика. Истовремено, научниците дошле до заклучок дека вработените најбрзо и најлесно дошле до решение за одреден проблем, додека работеле во тишина. 
 
Има ли корист од зборувањето сами со себе?
Да, но само ако зборувате во трето лице еднина­. Студијата на „Државниотуниверзитет наМичиген“откри дека зборувањето со себе во трето лице ќе ви помогне да го контролирате емотивниот одговор на негативните емоции. Следејќи го протокот на крв во мозокот, истражувачите забележале помалку когнитивна активност кога индивидуата – да ја наречеме Ана – зборувала за своите негативни емоции во трето лице („зошто Ана е вознемирена?“) во однос на вообичаениот начин на себерефлексија („зошто сум толку вознемирена?“). Според нивните откритија, обраќањето кон себе во трето лице ви дозволува да им пријдете на проблемите од друг агол, небаре давате совет на пријател. Се согласуваме, чудно е, но науката тврди дека вреди. 
 
Знајте го ова...
Подмачкајте ја салатата со масло (1 супена лажица) и ќе апсорбирате двојно повеќе витамини, поточно Е и К.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.