Сподели со пријателите

Мигрена Болест со персонализиран профил

70 % од случаите на мигрена се наследни


Околу 12 % од возрасната популација се соочува со мигрена. Сѐ уште не се познати точните причинители на оваа состојба. Намалено ниво на серотонин во мозокот, промена во нивото на хормоните, стрес, физички замор, лоша исхрана, се само дел од можните тригери кои важат за едни, но не и за други пациенти. Третманот исто така варира, она што делува кај еден, има нула ефекти кај друг. Од овие причини, лекарите ги советуваат пациентите да водат дневник со цел да се откријат точните причинители на главоболката, а потоа да се делува на нив. 
Во продолжение, прочитајте ги дневниците на две жени (имињата се променети) и докторските забелешки, за да научите како да му пристапите на вашиот случај.

90 % од пациентите својот 1 напад го доживуваат пред 40-тата 


Лора Сампедро, 35
Историја на болеста:Главоболките на Лора започнале пред 6 месеци. До сега имала 4, а секоја од нив траела 24 часа. Нејзината мајкае хроничен случај. Лаура сѐ уште не била на лекар, но почнала да запишува што се случува во текот на овие болни денови.
(Гените го зголемуваат ризикот од мигрена за 50 %)
 
Ден: Недела
Станав околу 6 часот наутро, после 6 и пол часа цврст сон. Се напив кафе и почнав да готвам, бидејќи вечерта ми доаѓаа гости. Со гостите јадевме салата со ракчиња, малку пилешко, чипс со топен кашкавал, испив и две чаши вино. Бев будна до 23:00 часот, средував по дома.
(Не е јасно зошто, но понекогаш кофеинот поттикнува мигрена, а некогаш ја лекува. Затоа, пијте по една шолја кафе дневно и тоа секогаш во истото време.)
(Повеќе од 20 % од пациентите се чувствителни на алкохол, најчесто на црвено вино или темни жестоки пијалаци кои се богати со состојки кои поттикнуваат мигрена како конгенери.)
 
Ден: Понеделник
Цела ноќ се вртев во постелата, едвај поспав 4 часа. Станав околу 7 часот со главоболка, па се вратив во кревет да доспијам. До сега, мигрената ме напаѓа на првиот ден од мојот менструален циклус, но сега се случи една недела порано. На работа ми сметаше светлината, очните капаци ми тежеа. На ручек се напив аналгетик, но болката стана поинтензивна и фокусирана зад левото око.Со целата своја снага, мигрената ме нападна околу 15:30 часот. Ме болеше целото лице, дури и очилата ме стегаа. Штом дојдов дома, легнав да спијам во затемнета просторија.
(Падот на естрогенот што се случува околу менструацијата, може да поттикне напад.)
(Напијте се од вашиот проверен лек за мигрена во моментот штом почне главоболката, исходот ќе биде помалку болен.)
(Мигрените имаат тенденција да болат на една страна и може да траат од 4 до 72 часа.)
 
Ден: Вторник
Се разбудив околу 8 часот со остаток од вчерашната мигрена. Испив едно големо шише вода и два ибупрофена и се вратив на спиење во скроз темна соба, се плашев дека не е готово. Конечно станав во 11 часот, но сѐ уште се чувствував исцрпено. Се средив и заминав на работа. Кога дојдов дома, продолжив да пијам вода и си легнав. Се надевам дека наскоро нема да ме боли глава, честопати имам главоболки, но мигрената ме посетува барем еднаш месечно.
(Мигрените се налик мамурлак, ден потоа ќе се чувствувате неспособни и замелушени. Обидете се да одмарате и да пиете течности додека конечно не ви помине.)
(Стравот од мигрена е сосем нормален, но грижата може да допринесе до додатна главоболка, а не би сакале да западнете во тој магичен круг.)
 
СЛЕДНИ ЧЕКОРИ:
Дури и благите главоболки на Лора може да се вбројат како мигрена, а по дефиниција тоа се напади кои траат од 4 до 27 часа и имаат две од следните особини: еднострана локација, пулсирање, умерена до силна болка, влошување при физичка активност придружена со гадење и повраќање. Лора задолжително треба да посети невролог.
 
 
 

25 % од пациентите страдаат од мигрена со аура или симптоми кои настапуваат 15 до 60 минути пред мигрената: проблеми со видот, вкочанетост на телото, проблеми со говор, намалена рамнотежа и координација 


 
Џули Ховард, 27
Историја на болеста:Пред една година, Џули почнала да се соочува со дневни, интензивни – 8 од 10 на скала на болка – мигрени. Нејзиниот доктор ѝ препишал антидепресиви и лекови за крвен притисок. Таа почнала да инјектира и ботоксво скалпот, вратот и рамената на секои 12 недели. 6 месеци подоцна, мигрената ѝ задава помала агонија, но сѐ уште е честа.
(Првите помагаат во одбрана од нападите така што го зголемуваат нивото на серотонин;вториот ги опушта крвните садови и на тој принцип ги редуцира главоболките.)
(Инјекциите чија намена е да ги бришат брчките, ги блокираат нервите кои ги пренесуваат болните пораки до мозокот. Особено им се од помош на пациентите кои имаат мигрена и 15 пати во месецот.)
 
Ден: Понеделник
Станав во 6:30 часот и појадував житарки со грчки јогурт и малини. Во 7:45 излегов, надвор беше претопло. Почна да ме боли глава, да ми пука, особено левата слепоочница. Во 11:00 часот болката стивна сама по себе. До ручек, чувствував благ притисок на задниот дел од главата. Во 18:30 часот јадев пица со пршут,рукола и маслиново масло. Во 22:00 часот како и секоја вечер ги испив лековите и појдов во кревет.
(Малините соржат тирамин кој поттикнува главоболка, исто така присутен е во сувото овошје и зрееното сирење. Избегнувајте го и вештачкиот засладувач фенилаланин, натриум глутамат присутен во азиската храна и теобромин кој го има во чоколадата.)
(Покачените температури и влажноста знаат да предизвикаат главоболка, но тешко е да се делува на оваа болка, бидејќи со времето никогаш не се знае.)
(Избегнувајте процесирано месо, обично содржи материи кои ги прошируваат крвните садови.)
 
Ден: Вторник
Станав во 6:30, главата ми пулсираше од горе па сѐ до рамената. Во 7:45 кога заминав на работа, забележав дека надвор е премногу светло. Во 10:00 часот главата немаше намера да стивне, па се напивибупрофенод 400 мг. Во 14:00 часот пулсирачката болка почна да попушта, а до крајот на денот сосем исчезна.
(Рецепторите во очите се директно поврзани со хипоталамусот, делот од мозокот за кој се верува дека е центар на мигренската болка. Очилата се особени корисни при чувствителност на светлина.)
(ОТЦ лековите може да поттикнат мозочни промени кои ќе ги влошат главоболките во иднина. Не пијте повеќе од 10 во месецот.)
 
Ден: Среда
Во 07:00 часот брзав да го фатам авионот кој требаше да ме однесе на службено патување.11:00 конечно полетавме со задоцнување од цели 3 часа. Чудниот мирисво авионот ја влоши мојата тазе главоболка. Во 16:00 часот стасав во хотелот преморена и со посилна главоболка. Седев во собата и се обидував да се опуштам. Во 20:00 часот се напив 6 мг мелатонини појдов на спиење.
(Стресот и дехидратацијата се главни поттикнувачи на болката, затоа дишете длабоко и пијте многу вода.)
(Мирисите поттикнуваат моментална главоболка, бидејќи рецепторите во носот се директно поврзани со хипоталамусот.)
(Истражувањата покажуваат дека 3 мг мелатонин 1 час пред спиење ќе ги намали последиците од мигрената.)
 
 
Ден: Четврток
Во 7:00 часот серазбудивпосле 11 часа сон со остра и тврдоглава болка. Од 8:30 до 17:00 бев постојано растрчана и под тензија. Главоболката траеше цел ден.
(Премногу или премалку сон може да предизвика хормонска флуктуација. Целете на постојани 7 или 8 часа сон.)
 
Ден: Петок
Во 8:30 се вратив назад на работа, пред мене  беше уште цел еден работен ден. Во 15:00 се скарав со партнерот по телефон, а тоа дополнително ми донесе стрес. Главата ми се распаѓаше од болка. Во 19:00 часот појдов на вечера со клиент. Полека, но сигурно пулсирачките сензации попуштаа.
(Стресот е најчест причинител на мигрена, иако некои луѓе запаѓаат во неволја штом се обидат да се опуштат како резултат на падот на адреналин.)
 
СЛЕДНИ ЧЕКОРИ:Џули најверојатно се соочува со дневно тензична континуирана главоболка чиј почеток лесно може да се утврди, а не со мигрена. Овој тип на главоболка може да е симптом за низок крвен притисок или течности околу мозокот. Но, поради ограничените истражувања за овој тип на главоболка, таа се третира како мигрена.
 
 

Од 25 до 40 години е возрасното доба кога најчесто напаѓа мигренатаМОЖНИ ТРЕТМАНИ


Секому му делува различен лек и додека го откриете вистинскиот, бидете подготвени за грешки.

- Аналгетиците се најефикасни ако ги испиете на самиот старт на болката. Специјалните формули за мигрена се базираат на кофеин или калиум, состојки кои ги редуцираат нервните иритации.
- Триптаноте најчесто употребуван лек против мигрена кој ги стеснува крвните садови и го одржува нивото на серотонин во мозокот.
- Превентивните лековикакоантидепресивите и бета блокерите, јa редуцираат екситабилноста на центрите за болка во мозокот.
- Стероидитекои ги блокираат нервите и кои се инјектираат во скалпот, ги скратуваат деновите поминати со болка. 
- Когнитивно - бихејвиоралната терапијаќе ве научи да се ослободите од стресните мисли штом симптомите нападнат; болкатаќе ја намалите за 50 %.
- Медитација - во една студија, пациентите кои медитирале 30 минути дневно во период од 8 недели, успеале да ги скратат мигренските епизоди за 3 часа.
- Техники за релаксација- одмор на тивко место, кесичка мраз на челото, истегнување на мускулите, масажа и болките ќе се намалат за 32 %. 

 

3 пати повеќе жените страдаат од мигрена отколку мажите





 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.